Зборувајте со вашите пријатели, колеги и роднини, без разлика од која партија се, од која националност, порача денеска професорката Гордана Силјановска Давкова на „Фејсбук“, споделувајќи албум од нејзините средби со граѓаните низ Македонија.
Кандидатката за претседател додаде дека ги отпоздравува и младите во штабот на колегата, кога поминува од таму, зошто знаe дека длабоко во нивното срце тие веруваат дека само со право ќе има правда за Македонија.
Секој човек ни е битен, секој глас ни е битен. Сите знаат дека со почитување на законите без исклучок, со укинување на корупцијата, непотизмот, неспособните функционери Македонија ќе оди напред.
Зборувајте со вашите пријатели, колеги и роднини, без разлика од која партија се, од која националност.
Јас и кога поминувам покрај штабот на колегата им одпоздравувам зошто знам дека длабоко во нивното срце и тие млади таму веруваат дека само со право ќе има правда за Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.