Марија Андоновска на Фејбук напиша статус со кој го повика министерот Филипче на одговорност по случајот со докторката заразена со коронавирус и побара одговори во име на народот , бидејки како што пишува таа и покрај апелите на ВМРО-ДПМНЕ, мерките изостанаа!
И јас сум разочарана од разочараниот и што правиме сега!?
И покрај нашите апели, мерките изостанаа!
И за тоа има само еден виновник, а тоа е министерот за здравство и властите кои не се способни да менаџираат и делуваат!
Пак ќе повторам како и многу пати претходно, ова не е ширење паника, ниту лажна вест, уште помалку политички пост. Ова е само едно соочување со реалноста и мислење на загрижен граѓанин за мерките кои одамна требаше да бидат превземени, а ги нема!
Одговори и одговорност мора да има!
Народот заслужува одговори и затоа по незнам кој пат го прашувам Филипче :
1. Зошто изостанаа превентивните мерки на граничните премини и аеродромите!?
2. Зошто не обезбедивте соодветна заштитна опрема на граничните премини и болниците, амбулантите,почнувајќи од примарното па се до терциерното здравство? Не ли е ова ваша обврска!?
3. Зошто релативизиравте додека сите сериозни земји се подготвуваа и превземаа мерки!?
4. Знаете ли колку доктори, специјализанти и други здравствени работници одат на работа секој ден, а се имаат вратено од ризичните земји!? Ќе дадете ли одговор дали се испитани последните случаи за кои слушна јавноста на здравствени работници кои со денови одат на работа а се вратени од Италија !?
5. Знаете ли каде ви се директорите на клиники и што тие прават да ги заштитат своите вработени и пациенти!?
6. Пополни ли Цаца евидентен лист на граница ( твојата единствена мерка, нели)!?
Ќе дадете ли одговори министер или ќе оставите народот да ви даде одговор колку е разочаран на 12ти Април!?, стои во стаусот на Андоновска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.