Измените на Законот за попис се мали и нема да е потребно многу време за да се напишат, одговори министерот за правда Бојан Маричиќ прашан за тоа кога може да се очекува и официјално во Собранието да се одложу одржувањето на пописот.
-Измените ќе ги дадам на седницата на Влада која е закажана денеска, каде ќе предложам веднаш да бидат испратени во Собранието. Едната измена се однесува на датумот, а другата е за можноста иселениците да се самопопишуваат до последниот ден од теренското попишување на резидентното население во земјава. Очекувам измените да бидат испратени денеска, а да бидат усвоени од пратениците најдоцна до утре. Не се работи за суштински измени и мислам дека брзо ќе биде усвоени во Собранието.
Министерот Маричиќ додаде дека Законот за попис беше примарно предложен со европско знаменце, па затоа ќе предложи и измените да бидат поднесени со европско знаменце и во скратена постапка, со цел да се исполнат роковите договорени вчера меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски.
-Со тоа се оневозможува поднесувањето на илјадници амандмани и не верувам дека ќе има било каков вид на блокади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.