Електронската апликација Е-катастар на недвижности не функционира трети ден. Ова значи дека е невозможно да se извади имотен лист.
Со оваа неодговорност и нефункционалност на системот уште стотици граѓани останаа заглавени чекајќи државата да изнајде решение за нив, пишува Курир.

Инаку ова не е прв случај на нефункционалност во државните институции, граѓаните се уште мака мачат да извадат пасоши и лични карти, а освен тоа неодамна немаше ниту регистарски таблички за автомобилите.

Оваа основна нефункционалност на државните институции влева се поголема разочараност кај граѓаните од власта предводена од СДСМ и Зоран Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.