Грчките медиуми ликуваат по испадот на Денко Малески, откако поранешниот министер за надворешни работи и актуелен советник на претседателот Стево Пендаровски ја прогласи македонската историја за фалсификувана, а Македонците за некогашен дел на бугарскиот народ.
– Скопјанските медиуми во криза откако поранешниот министер за надворешни им кажа дека „не сме Македонци, туку Бугари“, е насловот на Пол Антонопулос објавен во грчкиот „Сити Тајмс“.
Во текстот се пренесуваат репортажите на „Република“ за настапот на Малески, како и неговите изјави за бугарските медиуми во кои Малески вели дека дејци како Гоце Делчев и Крсте Петков Мисирков биле Бугари, а Илинденското Востание било бугарско по својот карактер.
– Бугарите велат дека народот на „Македонија“ се Бугари чиј идентитет бил одземен од југословенските власти со две цели – да се легитимираат југословенските амбиции кон северот на Грција, особено кон пристаништето Солун, и да се ослабне бугарскиот идентитет за луѓето да и останат лојални на Југославија и да не бараат обединување со Бугарија. Историјата покажа дека бугарските ставови се правилни, но за жал народот на „Македонија“ допрва треба да се разбуди и да ја осознае реалноста, пишува грчкиот медиум, аргументирајќи ги своите тези со ставовите изнесени од поранешен висок македонски и југословенски функционер како што е Малески.
Грчкиот медиум ги пренесува и тврдењата на Малески дека во Југославија, македонските историчари ја фалсификувале македонската историја, издвојувајќи одредени елементи, а игнорирајќи други со цел да остават впечаток дека Македонија има различна историја од бугарската. Со ова, освен миленик на бугарските медиуми, Малески сега има широка публика и во Грција, која со децении посветено работеше на негирање на македонскиот идентитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.