На владина седница е утврден предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Албанија за воспоставување на заеднички гранични премини според концептот на заеднички гранични контроли.
Во текстот на законот станува збор за гранични контроли со едно застанување или „One-stop shop“ и поедноставни постапки што се спроведуваат на еден заеднички премин. Од Владата велат дека со концептот на заеднички гранични контроли и поедноставени постапки на единствен граничен премин ќе се постигне побрз и поедноставен протокол на граничните премини.
Во рамки на седницата, Владата го утврди и текстот на Предлог-законот за ратификација на Договорот за воена финансиска соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција, како и текстот за Предлог-законот за ратификација на Меморандумот за разбирање за олеснување на патниот транспорт на стоки во регионот на Организацијата за црноморска економска соработка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.