И денеска бројката на новозаболени од Ковид 19 е троцифрена. Спорен неофицијални информации, регистрирани се околу 165 случаи, од кои речиси 100 се во Скопје.
Вчера беа евидентирани 193 нови случаи и девет починати. Капацитетите во болниците се полнат, а медицинскиот персонал е преморен. Активирана е и монтажната болница каде веќе се сместени тројца пациенти, а во лекувањето на болните се вклучуваат и трите најголеми приватни клиники – „Систина“, „Ремедика“ и „Жан Митрев“.
Очекувањата се дека во следните седум дена бројот на хоспитализирани пациенти ќе биде поголем во однос на бројот на испишани по што се очекува намалување на бројот на примени пациенти.
Во последните десет дена односно две недели ние секој ден имаме повеќе од 100 новодијагностицирани. И покрај тоа лидерот на СДСМ и министеротт за здравство, Заев и Филипче, упорно уверуваат дека ситуацијата е под контрола, а Македонија има најцрна статистика во однос на корона-епидемијата споредбено со земјите во регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.