И денеска на телевизијата „Телма“ чие сопствеништво е на компанијата „Макпетрол“ кон која Владата одлучи да и се платат 32 милиони евра за гасоводот, немаше ниту еден прилог каде е застапена опозицијата. Наспроти ова ревносно се пренесувани владините активности и изјави на челните луѓе на владата. Ваквата неизбалансираност, поточно целосното отсуство на ставовите на опозицијата е во спротивност со новинарските стандарди за избалансирано известување, реагираат преку соопштение од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.

Во состојба на цензура која доаѓа по бруталното откажување на интервјуто на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата е принудена да ги искористи сите легитимни начини да биде застапена и да ги изрази своите ставови меѓу кој е и ова соопштение.

Заев наместо да почне преговори со ЕУ, прави цензура врз опозицијата на Телма. Ги охрабруваме новинарите да не подлегнуваат и да дадат отпор на обидите на цензурирање.

Ги поттикнуваме и другите медиуми кои се под жесток притисок да известуваат демократски и ги охрабруваме да останат на страната на принципите, стандардите и демократијата, да издржат бидејќи не за толку долго работите ќе се променат кон поголема демократија и слобода, велат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.