Изјавата на премиерот Зоран Заев дадена на собраниската седница за пратенички прашања дека „убаво ќе биде кога ќе видите како детенце со епилепсија веднаш станува нормално по употреба на масло од канабис“ предизвика жестоки реакци во јавноста.

Некој нека го подучи овој дека епилепсија е состојба, а не болест и дека детенце со епилепсија е нормално и без канабис. Нека поработи он на случајот да имаме квалитетни лекови, достапни во секое време и нормални здравствени услови. Не да го меша неговиот бизнис со епилепсија. За оваа изјава треба да им се извини на сите кои се соочуваат со епилепсија, пишува во еден од коментарите.

На обвинувањата на пратеникот Антонио Милошоски премиерот одговори дека ништо тајно не работи Владата и рече дека манипулација е да се зборува за дрога, исклучиво се работи за медицински цели од масло за канабис.

Денес кај преку 80% од пациентите,  нападите на епилепсија се контролирани и тие можат да работат, освен професии што може да бидат опасни по живот доколку добијат напад, на пример: на височина, покрај машина, покрај вода, покрај оган и слично.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.