Во фармерки и тексас јакна, со каубојки, Боки 13 е забележан во центарот на Скопје. За разлика од Зоран Кичеец и Драги Рашковски, кои беа уловени по улиците, Боки 13 шета на слобода во придружба на двајца полицајци. Бојан е сликан спроти Зелен пазар на влезот на паркингот на Градска болница.

Зоран Кичеец, за кого службите не може да се договорат дали е на слобода заради здравствени или семејни причини, слободата ја користеше сам без полициска придружба. Тој учествуваше во сообраќајна несреќа на Стража, во која загина едно лице.

Драги Рашковски, исто така, наводно, е виден на улица поради здравствени причини. Сепак, Рашковски се движи сам без полициска придружба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.