Излезноста до 17 часот на територијата на цела Македонија е повисока од излезноста до 17 часот во првиот круг од локалните избори. Ако пред две недели своето право на глас го искориситија 40,98 отсто од гласачите, сега статистиката е 42,37 отсто.

Поголем број на гласачи во вториот круг има и во Битола и во Охрид.

На 17 отковмри, кога се гласаше и за градоначалник и за советници, во Битола до 17 часот на гласање излегоа 46,18 отсто од граѓаните, додека сега излезноста е 51,72%.

Во Охрид своето право на глас денеска до 17 часот го искористиле 50,82 отсто од гласачите, додека во истиот период во првиот круг тој процент беше 46,01%.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.