Австрија ќе учествува со пет отсто од своите ваквини против коронавирусот, донирани за западен Балкан, изјави во австрискиот амбасадор во Македонија, Гоерг Вуцас, во неговата честитка по повод божикните и новогодишните празници.

„Оптимисти сме што се однесува до 2021 година. Австрија покрај тоа што ја поддржува Македонија со потребни медицински средства, на располгање ќе даде и 5 отсто од своите дози на вакцини против Covid-19 наменети за зпаден Балкан. Европската унија не би била комплетна без интеграцијата на zападен Балкан. Токму затоа Австрија, во рамки на процесот на интеграција, максимално се залага за што е можно поскоро одржување на првата меѓувладина конференција во 2021 година“, посочува амбасадорот Вуцас, чија земја ја поддржа преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

Во вторникот министерот за здравство Венко Филипче во Софија со бугарскиот министер за здравство Костадин Ангелов потпишаа писмо за намери, откако бугарската влада донесе одлука од секое количество вакцини против Covid-19 коeшто стасува во Бугарија, еден дел ќе биде наменет за македонските граѓани, и тоа да биде во форма на донација.

Засега не е познато за колкави количества вакцини станува збор и во двата случаи, како и за кои производители се работи.

Министерот Филипче претходно изјави дека македонката влада ќе обезбеди 833.000 вакцини за околу 400.000 граѓани, преку механизмот Covax на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) и на GAVI (Глобалната алијанса за вакцини и имунизација), а во кои учествуваат сите соседни земји, освен земјите членки на ЕУ кои имаат можност за директен договор со компаниите кои произведуваат и дистрибуираат вакцини.

Според тврдењето на Филипче, дополнително колиечство Македонија ќе може директно да набави од производителите „AstraZeneka“ и од „Pfizer/BioNtexh“, но според последните изјави американско-германскиот тандем порачал дека земјата е мак пазар за нивниот препара. Се зборува и за наводно понуди и од Полска и од Грција да се откупат дел од нивните вакцини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.