Директорот на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини вечерва во гостувањето на „24 Анализа“ рече дека не чувствува вина за трагедијата во која 46 патници загинаа откако автобус се запали кај „Струма” во Бугарија. Потенцираше дека се прават многу контроли во институцијата, иако имаат огранични капацитети, имаат 13 инспектори и месечно секој инспектор прави по 20 надзори.
Нема ние што да одговориме зошто не сме го контрирале овој автобус, ние не можеме да ги контролираме сите автобуси. Немаме толку инспектори и за тоа сме алармирале. Мислите ли дека да имаше извод од лиценца, немаше да се случи трагедијата? Контролата не можеме да ја правиме 24 часа на граничните премини. „Беса транс” се меѓународни превозници, а ние во фирмите влегуваме еднаш во 2 години. Има 2.000 фирми, а ние имаме 13 инспектори. Не можеме да вршиме надзор на 2.000 компанија со 13 инспектори. Сто пати сме кажале во секоја годишна програма и ништо не е сторено. И на Министерот за транспорт и врски и на Министерство за финансии сме им побарале кадри, ама ништо, вели Хусеини.
Најмногу контрола правевме за протоколите за Ковид-19, зошто тоа ни беше задолжение, потенцира Хусеини.
Извршена е контрола на еден или два автобуси што имале изводи од лиценца, зошто фирмата „Беса транс“ имала лиценца и за секој автобус има извод од лиценца, а овој автобус не е затекнат кога правевме контрола. Најмногу контрола направивме за протоколите за Ковид-19, зошто тоа ни беше задолжение. Ние вршиме контрола за изводот за лиценца, за сертификат за меѓународен превоз, безбедноста на автобусот, техничките карактеристики. Во тој записник се нотира прекршокот. Државниот инспекторат за транспорт нема стален престој на граничен премин, туку оди по месечен план. Според законот за превоз, царинската управа има овластување на граничен премин да врши надзор и да ги контролира лиценците. Ако таа открила тој ден дека автобусот нема лиценца, виновна е за овој случај. Ние не знаевме дека овој автобус нема лиценца, ниту знаеме колку автобуси колку имала фирмата, вели Хусеини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.