Директорот на Државниот инспекторат за транспорт, Руфан Хусеини во изјава за Утрински брифинг на Слободна ТВ говореше за сообраќајната несреќа во Бугарија, во која загинаа 45 македонски државјани.
Согласно Законот за транспорт во патниот сообраќај, Царинската управа на граничните премини има овластување и мора да го врати превозникот, доколку не поседува извод од лиценца, анализира Хусеини.
„Ако автобусот навистина немал извод од лиценца на граничниот премин Деве Баир не смееле да го пуштат да ја напушти државата. Сепак сметам дека овој пропуст не влијаел врз несреќата. Надлежните органи во Бугарија како причинители за несреќата ги наведуваат условите на патот, исправноста на возилото и човечкиот фактор. Никој не го спомена изводот од лиценцата. Сепак треба да го има, ние ќе провериме зошто го нема, но тоа не е одлучувачки фактор во оваа несреќа“, нагласува Хусеини.
Хусеини е директор на Инспекторатот долги години. Тој е родум од Зајас, земјак на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој индиректно ја префрла топката на Царинската управа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.