„Република.мк“ дојде до авионските билети кои власта им ги дава на повратниците од странство како услов да ги врати дома. На нив јасно е наведена сумата и уловите на кои мораат да се согласат ако сакаат да влезат во авионот за Македонија.
На договорот јасно е наведена сумата, и таа во зависност од дестинацијата е од 150 до 300 евра. Покрај тоа, повратниците мораат да се согласат да минат и 14 дневен карантин во некој од хотелите.
Власта на македонските граѓани им наплаќа скапи билети иако и техничкиот премиер Спасовски изјави дека тоа се хуманитарни летови за кои не се плаќа надомест.
Досега во Македонија се вратија наши граѓани од Хрватска и Германија и тие се жалат на лошиот третман кој ги имале од институциите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.