Македонија на удар од вториот бран на КОВИД-19, неколку дена по ред има рекорден број на новозаболени од вирусот. Ако Македонија на 10-ти октомври имала 393 заболени од тестирани 2.464, Хрватска ист тој ден заразени имала 486 од тестирани 4.576 лица. Очигледно дека ситуацијата во Македонија е алармантна, но министерот за здравство Венко Филипче не ги поставува монтажните болници, иако најави самиот тој веќе дека болниците по градовите низ земјава се преполни.

ХРВАТСКА ПОДГОТВЕНА, МАКЕДОНИЈА СПИЕ

Припадници на хрватската армија веќе започнале со поставување шатори за тријажа пред Клиничкиот болнички центар (КБЦ) Загреб, а тоа го објави хрватското Министерство за одбрана. Шаторите се поставени за да и помогнат на локалната заедница и институциите на граѓанското општество во борбата против епидемијата на Ковид-19. Три големи шатори со греење ќе бидат поставени пред зградата на КБЦ Загреб. А, од самиот почеток на епидемијата во Хрватска, поставени се шатори пред шест болници во државата. Додека Хрватска се поготвува иако има само околу 380 пациенти по болници, од кои на респиратор имаат само триесетина, во Македонија власта ништо не презема околу ова прашање. Министерот за здравство на самата своја прес конференција од пред неколку дена призна дека веќе некои од болници по градови се преполни и веќе не примаат пациенти.

На сите инфективни одделенија во моментот се наоѓаат 414 пациенти со Ковид-19, што е највисок број досега хоспитализирани пациенти, истакна министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција пред некој ден.

БОЛНИЦИТЕ ВРИЈАТ

На Инфективнта клиника во Скопје во функција пак се става монтажната болница во која има 72 кревети. Новозаразени пациенти од Прилеп, Струмица, Велес и Куманово ќе бидат препраќани во други болници од соседните болници.

Министерот за здравство Венко Филипче на својата последна прес-конференција информираше дека инфективните одделенија во Прилеп, Струмица, Велес, Куманово, се преполни, но здравствениот систем се реорганизира да одговори на потребите. Инфективното одделение во прилепската болница „Борка Талески“ е преполно, а директорот, Драган Богоески вели дека се поставуваат дополнителни кревети и имаат недостаток на инфектолози.

Во КОВИД-центарот во Градската општа болница „8 Септември“, каде има капацитет за најмногу 50 пациенти, имало 42 хоспитализирани пациенти со КОВИД-19, вели директорот на болницата Христијан Костов во изјава за Фактор и нагласил дека за некое време болничките кревети ќе бидат целосно исполнети.

Нема повеќе место. Од утринава примив безброј телефонски повици за да хоспитализираме болни од КОВИД, но сè е пополнето. Најмногу пациенти, освен од Скопје, се примени од Струмица и тоа станува збор за исклучително тешки случаи, изјавил директорот Христијан Костов за порталот Фактор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.