Здружението на загребските доброволци „Бранители на Вуковар“ му испрати отворено писмо до премиерот Андреј Пленковиќ со кое бара од него да реагира на соопштението на македонскиот државен службеник Горјан Тозија во кое тој говори за поздравот „ЗДС“. Нивното протестно писмо во целост го објавува хрватскиот портал „Отворено.хр“.
Здружението на доброволци на Загреб, „Бранители на Вуковар“ собира доброволци од Загреб, кои на почетокот на српско-црногорската и ЈНА агресијата врз Хрватска, спремно застанаа во одбрана на својата татковина, знаејќи дека таа не се брани од дома, туку во Вуковар. Затоа, за нас е незамисливо тоа што нашата хрватска татковина постојано се напаѓа и тоа од висок македонски државен службеник и за тоа се молчи. Со поздравот „За дом спремни“ ја браневме и ја одбранивме Хрватска да таа да биде успешна и горда земја на горди луѓе. Тој поздрав е вграден во темелите на оваа држава што ја водите. Затоа нема да премолчиме кога оние што се на позиција и чија должност е да ја бранат честа и угледот на Хрватска не го прават тоа.
Кога станавте шеф на хрватската Влада, требаше да положите заклетва: „Се колнам дека совесно и често ќе ја извршувам должноста член на Владата, ќе го почитувам Уставот, законите и правниот поредок и ќе се залагам за целиот напредок на Република Хрватска“. Закон за Владата на Република Хрватска.
Согласно член 110 од хрватскиот Устав, ние бараме да ја исполните својата уставна обврска како Премиер на Хрватска, да реагирате и да го заштитите угледот и честа на Република Хрватска од несовесните напади на висок државен службеник на Македонија. Ваша обврска е да побарате од македонската влада да коментира дали тие ја поддржуваат позицијата на нивниот службеник во кој тој јавно ја напаѓа Хрватска како фашистичка земја и хрватската влада како криминалци.
На Горјан Тозија, ова не е му е прв напад врз Хрватска во кој тој се осмели да ја нарече земја што се бореше против српскиот фашизам со фашистички маки и крвта на своите воини фашистички, и светиот поздрав под кој се брани да се клевети. Во македонскиот печат имало безброј објави за овој скандал. Зошто во Хрватска се молчи за тоа?
Премиере, немате право да молчите! Бараме во согласност со хрватскиот Устав и позитивните закони на Република Хрватска, итно да реагирате на македонската влада и ставот на нивниот висок државен службеник и да ја заштитите честа и угледот на нашата татковина Хрватска “, се вели во писмото потпишано од Зорица Грегуриќ, претседател на Загребските волонтери на бранителите на Вуковар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.