Хронично болните да бидат ослободени од секакви службени обврски во услови на кризна состојба за ковид-19 пандемијата, бараат од министерот за здравство Венко Филипче, Алијансата на пациетски организации.
Како Алијанса на пациентски организации на Македонија, сакаме да Ве потсетиме дека како хронично болни пациенти имаме потреба од редовни прегледи и контроли. Согласно моменталната COVID-19 ситуација свесни сме дека дел од пациентите не треба да вршат преглед и/или да им се доделува терапија со физичко присуство и за таа група на пациенти ја поздравуваме можноста за телефонска консултација издавање на електронски рецепт.
Нo, да не заборавиме дека меѓу нас има и хронично болни пациенти кои се со влошени резултати и кои имаат потреба од редовни посети во соодветените специјалистички амбулатни, центри, клиники.
Знаејќи го ова, како национална пациентска асоцијација, укажуваме дека имаме потреба од непречено функционирање на сите специјалистички амбуланти и центри. Ова подразбира дека нашето барање до Вас како Министерство за здравство е да создадете можност сите лекари/специјалсити по хронична болест, како и едуцираните медицински сестри да имаат редовни закажани термини, велат од Алијансата.
Тие бараат и да се донесе одлука со која ќе бидат ослободени од училишни, студии и работни обрски се до завршување на кризната состојба од пандемијата ковид-19 за хронично болните и бараат состонок на платформата „зум“.
Воедно бараме, итно да се донесе Одлука за ослободување од училишни, студии и работни обрски се до завршување на кризната состојба од пандемијата COVID19 за хронично болните.
Доколку сте во можност ве покануваме на краток ZOOM состанок, во текот на наредната недела за да ги разгледаме заеднички нашите барања.
Само заеднички со мегусебно разбирање но и со почитување на потребата секој здравствен проблем да добие адекватна медицинска грижа, како и да ги заштитиме хронично болните од можни инфекции со Корона вирус, да создадеме предуслови да имаме здрава нација, која секако ќе ни треба по зaвршувањето на оваа светска здравстена криза со COVID-19.
Да потсетиме дека ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ не е ниту „БИЗНИС“ ниту пак „ПОЛИТИКА“!, пишува претседателката на Алијанса на пациентски организаци на Македонија, Биба Додева.
Барањето на Алијансата го потпишале: БОРКА – за секој нов ден, НЕФРОН, ХЕПАР Центар, Битола, Живот со предизвици, Пеперутка, Животна искра, Национaлно здружение за МС, Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија и Асоцијација за цистична фиброза.
Предмет: Барање за…
Posted by Алијанса на Пациентски Организации- Alliance of Patients Organisations on Sunday, 22 November 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.