Христо Кондовски, лажниот менаџер за живот на рати, откако вртоглаво влезе во трката за градоначалник од ден на ден се повеќе пропаѓа во својата менаџерска збунетост.
Но, најверојатно пополека сепак осознава дека изборите, а најмалку позицијата градоначалник не се трка по бонус во мулти левел компанија, па после расфрлањето со стари проекти и идеи, сега пробува со сомнителни писмени изјави да ги прелаже граѓаните.
Веројатно свесен дека битолчани лесно нема да бидат излажани само со ветувања како пред четири години сега писмено се обврзува на сето она што четири години не се случи во Битола во која владееше сега веќе “неговата” СДСМ.
Принципот на функционирање на Зоран Заев, Вице Заев и Васко Ковачевски не се менува, па така стопати ставениот потпис за достапност, постојана комуникација, акција, “жими мајка” ветувањето за реализација на проектите на граѓаните им е повеќе од јасно дека не се ништо друго само неумесна лага како онаа “живот за сите”, која дебело ја платија Битола и битолчани.
Битолчани се мудри, паметни луѓе и кај нив нема да поминат никакви писмени гаранции по примерот на “лажни обврзници”, нема да поминат никакви ливчиња со дадениот “чесен пионерски збор” на Кондовски.
Лицето на Христо Кондовски е видено – лаги и лажна пропаганда платена со државни тендери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.