Христијан Мицкоски смета дека овие претседателски избори може да ги споредуваме со претседателските избори од 1999 и 2004-тата година.

Затоа што во 1994 и 2014 претседателските избори беа заедно со парламентарните избори. Во 2009-тата беа заедно со локалните избори. Ние денеска на овие претседателски избори имаме 42.5 проценти освоени гласови од тие што излегле.

Во 2016-тата на претседателските и предвремените парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери освоија помалку од 38% од излезените. Во 2017-тата на локалните ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата има 36%, значи 6.5% имаме повеќе гласови сега од вкупно излезени. Ама да не заборавиме дека неколку партии ја напуштија нашата коалиција и денеска се коалициони партнери на Зоран Заев, нагласи Мицкоски. Мицкоски додаде дека Гордана Силјановска Давкова освои 42.5% од гласачите кои излегоа на изборите. Сашко Кедев, господин Кедев во 2009-тата година освои 34 и нешто проценти од излезеноста на граѓаните. Додека пак господинот покојниот претседател Борис Трајковски во првиот круг во 1999 година освои 21.1%.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.