Борбата на илинденците е нашата кауза, порача Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ кој денеска беше во Горно Лисиче од каде што официјално тргна 42. коњички марш организиран од Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.
Традицијата е нашето дефинирање. Во чест на светлиот Илинден поддршка за илинденската коњаница. Борбата на илинденците е нашата кауза. Слобода, независност, ВМРО, Македонија!, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Коњичкиот марш кој започна во 17 часот од паркот „Јане Сандански“, ќе заврши на 2 Август во Крушево, каде што коњаниците ќе положат цвеќе на споменикот на Мечкин Камен, со што ќе се одбележи најголемиот македонски национален празник – Илинден.
Традицијата е нашето дефинирање. Во чест на светлиот Илинден поддршка за илинденската коњаница. Борбата на илинденците е нашата кауза. Слобода, независност, ВМРО, Македонија!
Posted by Hristijan Mickoski on Monday, 27 July 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.