Според информациите на „Инфомакс“, во магацините на Заеви во кои се чувале производите за „хуманитарната помош“ полицијата пронашла голем број на прехрамбени продукти со изминат рок на употреба, а биле пронајдени и лажни декларации со кои се заменувале старите – оние на кои бил испишан рокот на траење на веќе расипаните продукти.

За подарокот насвојот ФБ профил се пофали и градоначалникот на Неготино, Тони Делков. Од полицијата се уште нема официјално соопштение за евентуално поднесени кривични пријави за прекршување на наредбата за полициски час, но и за загрозување на здравјето на граѓаните на кои им се дели „помош“ од производи со поминат рок на траење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.