Премиерот во заминување Зоран Заев, вице премиерката Радмила Шекеринска, генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски и со меѓународниот секретар Дане Талески присуствуваа на Конвенцијата во Стокхолм на Прогресивна алијанса, меѓународно прогресивно движење на 140 партии и организации од 80 држави во светот.

На Конвенцијата претседателот на СДСМ бил посочен како прогресивен лидер со ретка храброст кој носи одлуки во интерес на својата држава и граѓаните, а во својот говор тој посочил дека политиките на искрен дијалог, почитување и трпение како чекори низ коишто без конфликт се постигнати меѓуетничката кохезија во земјата, преку концептот Едно општество за сите и добрососедските односи преку храбрите договори со соседите што резултираат со прогрес на нашата држава.

Храброст ни е потребна за сè, и за слобода, и за заштита на животната средина, и за отворање на нови работни места… Храброст денес има на цел Западен Балкан, пријателства се случуваат, рече претседателот на владејачката партија.

На Конвенцијата на Прогресивна алијанса беше констатирано дека прогресивните социјалдемократски идеи се иднината на светот наспроти популизмот, национализмот и радикализмот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.