Состојбата на повредените во автобуската несреќа е добра и тие се во стабилна општа состојба. Нема опасност по нивното здравје.
Од болницата „Пирогов“ денеска соопштија дека пациентите се соодветно згрижени и нивната состојба се следи од разни специјалисти. Извршени се сите потребни итни интервенции.
Постоперативната состојба на пациентите се оценува како добра. Денеска претстојат две дополнителни оперативни интервенции. Кај една од жртвите ќе бидат извршени дополнителни медицинско – дијагностички процедури со што ќе се даде поголема јасност за идниот терапевтски третман на пациентот – соопштија од болницата „Пирогов“.
Во вчерашната автобуска несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија загинаа 45 патници, а седум беа повредени. Шест од повредените се на Клиниката за изгореници и пластична хиругија во болницата „Пирогов“ во Софија, додека еден е на трауматологија.
Началничката на Клиниката за изгореници и пластична хирургија во болницата проф. д-р Марија Аргирова, соопштува дека на сите пациенти им се направени успешни оперативни интервенции на самиот ден на примањето.
Сметам дека оние кои се во стабилна состојба и имаат можност, во следните денови ќе можат да си заминат, но таа одлука се уште не сме ја донеле. Еден од нив има длабоки изгореници на двете раце, што треба да се оперира, а на едно девојче треба да му биде оперирано десното колено. На друга пациентка вчера и и е направена операција на десното колено. Состојбата им е стабилна – изјави проф. д-р Аргирова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.