На инфективните одделенија во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 164 пациенти со Ковид-19. Има околу 490 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Како што соопшти Министерството за здравство, во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани четири нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 65 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.
Во ковид-центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 99 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
Во последното деноноќие, во Скопје на Институтот за ТБЦ имало еден прием. Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ немало примени пациенти, додека четворица биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 11 оздравени пациенти.
Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат осум пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 22 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 35 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 11 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 10 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има шест пациенти, во Велес се лекуваат осум болни, а во Куманово 23 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 15 пациенти, во Прилеп шест, во ковид-центарот во Гостивар четири, а во Струга 78 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се седум пациенти, во Кичево двајца и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирани позитивни и суспектни на корона вирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.