На трибина организирана од „Транспаренси интернационал Македонија“, зборувајќи за корупцијата и состојбите со вработувањата во јавната администрација во државата, холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп искристил метафора според која во овој дел реформите се катастрофални и на раб на опстанок.

Состојбите се како брод што тоне, при што прво што треба е да се испумпа водата и затнат дупките”, изјавил холандскиот амбасадор на трибината.

Во системот имаме проблем, во законите со текот на годините секогаш се внимавало да се остави простор за евентуална потреба на оние кои се на власт. И покрај законите имаме продлабочено делување во таа насока преку подзаконските акти, кои ги носат самите министри, а се одобрувани од страна на Министерството за информатичко општество. Тоа укажува дека затајуваат и контролните механизми и инспекциските служби, а има проблеми и во назначувањето во инспекторатите”.

Ова е заедничкиот заклучок на претседателката на Транспаренси Интернешнл – Македонија, Слаѓана Тасева и Софка Пејовска – Дојчиновска, член на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) кои вчера се обратија на презентацијата на проектот „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.