Владата е задоволна од одзивот на дијаспората на пописот, рече на денешната прес-конференција владиниот портпарол, Мухамед Хоџа. Како што кажа тој, систе системски грешки се отстранети и оти од владата остануваат посветени на оваа операција.
„Заклучно со денеска, 19 март, во дијаспората вкупно се попишани над 82.000 наши сограѓани. Најголем број попишани има во Швајцарија, над 26.000, потоа во Германија, околу 19.000, следна е Италија каде се попишани над 10.000 наши сограѓани“, рече Хоџа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.