Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство од Движењето Беса, Арјанит Хоџа во вчерашното интервју на ТВ21 потврди дека во текот на денешниот ден во Владата ќе поднесе оставка од функцијата министер.

За деталите, како што вели, ќе зборува на прес-конференцијата која се очекува да биде закажана во текот на денешниот ден.

Генералниот секретар на Беса пред неколку дена изјави дека неговата партија нема да дозволи да седне на маса со оние кои ја нарушуваат волјата на граѓаните.

Хоџа беше еден од најгласните министри од Владата на Заев во иницијативата за уривање на власта, која не успеа откако неговиот сопартиец Кастриот Реџепи, не се појави на денешната собраниска седница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.