Генералниот секретар на Движењето Беса, Арјанит Хоџа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека во 2022 година гледа предвремени избори.
ДУИ ќе доживее тектонски удари и политичката иднина на Албанците, барем на наредните избори, ќе биде албанската опозиција, порача Хоџа.
На прашање на модераторот за тоа кога ги гледа следните избори, Хоџа ја посочи 2022 година.
Во 2022 година гледам превремени избори. Оваа Влада не е стабилна и без легитимитет. Мило ми е што им го расипавме филмот на коалиционите партнери Тачи, Ахмети и Зоран Заев. Се навраќам што се случи, всушност. Една поговорка вели: ‘Што има во домот, кажуваат децата’. Во вашите дебатни емисии Мендух Тачи велеше дека Беса ќе излезе од Владата, оти нема да победи во Тетово и дека Алтернатива ќе не замени, рече Хоџа меѓу другото.
Тој демнатира дека Артан Груби ги избркал од Владата.
Груби нема сила да го стори тоа. Движењето Беса им ги расипа сите математики на Груби, на ДУИ и на СДСМ. Прашање на време е кога тој ќе замине од Владата.
Генералниот секретар на Беса Хоџа потврди дека се сретнал деновиве со поранешниот висок функционер на ДУИ Муса Џафери, како што се појавија и фотографии во јавноста.
Имав пријателски повик од Муса Џафери, заради разговор кој не се однесуваше на начинот на владеењето на ДУИ. Не е коректно јас да изнесувам во јавноста нешто за што сум бил повикан, рече Хоџа, кој и претходно потврди дека фотографиите се автентични и дека не се криел, бидејќи средбата била на јавно место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.