Генералниот секретар на Движењето БЕСА, Аријанит Хоџа, кој денеска си поднесе оставка од функцијата министер за земјоделство, вели дека ако Алтернатива се приклучи кон власта ќе направи самоубиство.
Мислам дека секој влез во Влада ваква каква што е, со ДУИ би било самоубиство за секоја политичка партија. Ако не се седне да се реформира тој дел од режимот мислам дека апсолутно ќе биде погубно за самата партија. Но, оставам тие самите да одлучат. Ние сме подале рака заеднички со Алијанса и со Алтернатива да се споиме во еден блок и сме подготвени за брзи предвремени избори да одиме заедно. Убедени сме дека веќе народот препозна кој е ДУИ и што врши ДУИ оваа држава – изјави Хоџа.
Дел од медиумите вчера почнаа да шпекулираат дека Алтернатива е веќе дел од власта. И координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски и вицепремиерот Артан Груби вчера кажаа дека парламентарното мнозинство ќе продолжи да се зголемува. Сепак, Груби не одговори дали Алтернатива веќе влегла во власта. Собранискиот спикер Талат Џафери вчера рече дека е можно пратеникот од Беса Кастриот Реџепи кој вчера не се појави во Собранието, да е дел од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ. Доколку Реџепи и Алтернатива се приклучат кон власта тогаш парламентарното мнозинство би се зголемило на 64 пратеници.
Инаку, по оставката на Арјанит Хоџа, оставки од функциите поднесоа и двајцата заменици-министри од движењето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.