Без да се консултирам со партиското раководство, ви кажува дека во Влада ваква каква што е сега јас чично нема да бидам министер, категоричен е вториот човек на Беса, генералниот секретар Адијанит Хоџа, кој во овој состав на владата ја извршува функцијата министер заземјоделство, шумарство и водостопанство.

Хоџа нагласи дека што и да реши партијата, која ќе заседава викендов, тој лично смета дека Ахмети треба да се навикнува на опозиција.

Колку и да велат дека е емотивно (ДУИ и СДСМ, н.з.), човек живее за принциши и јас не можам да се гледам со тие луѓе на иста маса, кога се подготвени да му забијат нож во грб на коалицискиот парнер. Очигледно ДУИ не го интересира големата слика. Нив ги инетресираат други работи, како ова со Желино, да направат кризи… Мислам дека е време полека да се подготват за опозиција. Можеби Ахмети досега не се научил како е во опозиција, зашто имал други политичари што во Владата ги нашол за да може да раздвојува, но еве ќе видиме, мислам дека Ахмети треба полека да се поготвува за опозиција, вели Хоџа.

Личниот став на Хоџа произлегува од односот на ДУИ кон коалицискиот партнер Беса, односно од инсистирањето на владејачката ДУИ да се прегласува во Желино.

Се работи за тотално непочитување на коалицискиот парнер, кој цела година трпи се и сешто за да може државата да оди напред. Моментот кога се гледа дека има враќање на Движењето Беса се случуваат вакви ситни почитичики уцени од страна на ДУИ и затоа не е важно каков ќе биде исходот од Управниот суд, работата е принципиелна, каква е почитта кон коалициските партнери, вели Хоџа, кој најави дека Беса ќе поднесе тужба до Управниот суд за прегласувањето во Желино за да се запазат роковите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.