Знаете што е врвната трагедија на ова општество, хипокризијата, ете тоа е. И после 6 години од смртта на Тамара рочиштата постојано се одлагаат и се уште нема одговорни. Нема веројатно и зошто некогашниот Министер за здравство денес е советник на актуелниот министер, како што овој беше негов на времето, плус е поддржувач на политиките на власта, како и противник на опозицијата – пишува аналитичарот Ивор Мицковски, потсетувајќи на малата Тамара од Велес која почина чекајќи да биде испратена на операција.
Мицковски коментира:
Еден куп политичари, еден куп квази активисти, актуелната политичка гарнитура, политички испрофитираа на времето од маките и смртта на ова девојче за кое денес нема правда. Во меѓувреме актуелниот министер се слика со ќерката на донаторка на органи. Ќе ми простите, ама мене тоа ми е дегутантно и ми личи на политички маркетинг во кој се употребуваат деца. Поканата можела да биде прифатена и без од тоа да се направи ПР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.