Струмичката и целата македонска јавност вчера беше сведок на видео за организиран поткуп, кој се случува во пресрет на изборите, вели Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ.

Јавна тајна е дека ова организирано делење на пакети кој владеачката партија го нарекува хуманитарна помош, а кое за целиот разумен свет е поткуп, е начин на кој СДСМ купува гласови.

Она за што зборувавме, посочувавме, предупредувавме во изминатиот период гледаме и со видео како се случува.
Но воедно ова е и знак на огромна слабост. Штом луѓето на Заев се дрзнуваат да делат поткуп значи дека се свесни дека немаат резултати и дека губат. Сега е јасно дека хибридниот режим на Заев сака да се оддржи преку нелегални механизми.

Во која тоа нормална држава се дели хуманитарна помош по списоци? Тоа е газење на човечкото достоинство, но воедно и злоупотреба на човечки судбини. Освен поткуп таму гледаме и загрозување на здравјето на луѓето. Без било каква заштита се групираат луѓе, се делат пакети по список направен од седиштето на СДСМ, истакнува Панова.

Панова ги повика надлежните институции итно да превземат мерки, да ја спречат масовната корупција што се случува не само во општина Струмица, туку на територијата на цела држава.

Изминатиов период членовите на СДСМ масовно делат пакети со храна на ранливи категории на луѓе злоупитребувајќи ја нивната незавидна положба, вели Панова.

Јавно ги повикувам институциите до крај да ги истражат следниве околности:

– кој врши набавка на прехранбените производи
– кој ги плаќа прехрмејства од ранливи категории каде таргетирано се делат пакетите.

Почитувани,анбените производи
– кој ги дава списоците на се

Предлагам итно на распит да се повикаат сите инволвирани лица од т.н. акција делење на „хуманитарна помош“.
Воедно прашувам до каде сте со истрагата за пакетите кои ги запленивте во Струмица.
Ги охрабрувам сите граѓани кои имаат информации за масовниот поткуп да се обратат до МВР и обвинителството бидејќи ова лудило мора да престане.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ се занимава со понуда за подобар живот, а

СДСМ и Заев со поткуп. Но овој пат нема да им помине. Тоа е израз на очај и нервоза.

Струмица заслужува да доживее промена!

Обновата доаѓа, потенцира Панова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.