Во 21 век, во Европа има хибриден режим. Зоран Заев и СДСМ ветуваа промени, и подобро. Тоа нивно владеење се претвори во еден хибриден режим во кој ја сврстуваат земјава. А, како поинаку би било со толку многу криминал и висока корупција, со амнестиран лидер на власта и измами на секој чекор. Македонија може и мора повеќе и подобро. 12 април е шансата за обнова, шансата за промени. Тој вели дека тоа нивно владеење се претвори во еден хибриден режим во кој ја сврстуваат земјава. А, како поинаку би било со толку многу криминал и висока корупција, со амнестиран лидер на власта и измами на секој чекор, вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го коментира Индексот на демократија што го објави „Економист“ според кој, Македонија е само едно место подобро рангирана од 2018 година.
Според рангирањето што го објавува угледниот британски весник, Македонија и натаму останува групата држави со „хибриден режим“ и се наоѓа во иста група со Албанија, Украина, Црна Гора, Сенегал, Кенија, Танзанија, Непал, Мали, Сиера Леоне, Босна и Херцеговина, Пакистан…
Во „хибридните режими“ изборите имаат значителни нерегуларности кои често ги спречуваат да бидат слободни и фер. Владиниот притисок врз опозициските партии и кандидати може да биде вообичаен.
Сериозни слабости се повеќе присутни отколку кај демократии со недостатоци – во политичката култура, функционирањето на владино и политичко учество. Корупцијата има тенденција да биде широко распространета, а владеењето на правото е слабо. Граѓанското општество е слабо. Обично, постои малтретирање и притисок врз новинарите, а судството не е независно.
Што ја смести Македонија на оваа позиција?
На прво место е аферата „Рекет“. Специјалната јавна обвинителка, поставена и платена со цел да реши наводни коруциски и криминални скандали од претходната гарнитура, директно е инволвирана во корупциски скандал. За истото беше во затворски притвор, по што е преместена во куќен притвор. Случај во кој се осомничени повеќемина, меѓу кои и пратеничка, а се повеќе се шушка дека во „Рекет“ се инволвирани и големи политички имиња, кои се наоѓаат на високи државни позиции.
Наместените тендери се само уште една од многуте причини поради кои сме сместени во земји со „хибридна демократија“. Познат е случајот со тендерот за набавка на радарски систем за кој постои сомнеж дека е наместен од страна на генералниот секретар Драги Рашкоски. Ова е само еден од купот тендери за кои постои сомнеж дека се наместени, се поврзуваат фирми блиски до поранешниот премиер Зоран Заев и неговата фамилија.
Политичките закани и притисоци исто така се на списокот на причини поради ваквото рангирање на Македонија. Таканаречените „бомби“ не докажаа криминал, но послужија за притисоци како врз луѓе кои биле дел од поранешната власт, така и врз бизнисмени. Низа нерегуларности, неправди, криминали., политички прогони и судски случаи…
Благодарение на сето ова во годината кога две земји од Западна Европа – Франција и Португалија – се поместија од „демократија со недостатоци“ во категоријата „целосна демократија“, а една земја – Малта – се помести во другата насока, Македонија, како земја сместена во Источна Европа, е рангирана на 77 место во светот како „хибридна демократија“. Според Индексот на демократија што го објави „Економист“ денеска, Македонија е само едно место подобро рангирана од 2018 година.

Македонија и Албанија најлошо рангирани во индексот за корупција во регионот
На ова се надоврзува и падот од 13 места на ранг листата на Транспаренси Интернешнл за индексот на корупција во 2019 година. Животот кој дојде со Заев ја смести Македонија на 106. место, а нашата држава се најде во „друштво“ на Албанија, Бразил, Монголија, Брегот на Слоновата коска, Алжир и Египет.
Земји со најниско ниво на корупција се Нов Зеланд и Данска, со освоени 87 поени, а потоа следуваат Финска (86), Сингапур (85), Шведска (85) и Швајцарија (85).
Земјите кои се најдоа на дното на табелата се Сомалија, Јужен Судан и Сирија со оценки 9, 12 и 13, соодветно. Овие земји внимателно ги следат Јемен (15), Венецуела (16), Судан (16), Екваторска Гвинеја (16) и Авганистан (16).
Инаку, индексот рангира 180 земји и територии според нивото на корупција во јавниот сектор, според експертите и деловните луѓе.
Тој користи скала од нула до 100, каде што нулата е многу корумпирана и 100 е многу чиста.
Ниту претходно, во 2018 година не беше сјајна ситуацијата. Во Индексот за перцепција на корупцијата во 2018 година на Транспаренси Интернешнал, Македонија и Косово го делеа 93 место во однос на корупцијата. Тие беа најслабо рангирани на Балканот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.