Вицепремиерот за Рамковниот договор, вечно отсутниот Хазби Лика, со новиот Закон за координација станува разузнавач, односно добива место во Советот за координација на разузнавачката заедница. На позицијата Лика седнува за 30 дена, објави Телма.
Во Законот за координација кој денеска го потпиша претседателот Стево Пендаровски стои одредба дека вицепремиерот задолжен за Рамковниот ќе биде еден од осумте члена на советот кој оперативно ќе ги води разузнавачките активности.
За ова решение гласале сите 91 пратеник на седницата минатата среда иако истите пратеници уште во март гласаа за укинување на Секретаријата за рамковен договор и замена со ново министерство за политички систем.
Целиот текст ТУКА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.