Јоханес Хан е консензуален предлог на австриската влада за трет комесарски мандат во Европската комисија, објави премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција во Владата на РСМ.

Јоханес Хан е сѐ уште Комесар за проширување и добрососедска политика, но не е извесно дали и третата номинација на Владата на Австрија е за ова место или за некое друго во европската влада.

Премиерот Заев ја истакна досегашната улога на Хан во напредокот на Македонија кон ЕУ и изрази надеж дека на есен Македонија ќе го дочека најавениот датум за почеток на преговори со ЕУ.

Јоханес Хан се заблагодари за убавите зборови и рече дека е голема чест да добие консензуална номинација на австриската влада и прифаќањето на истата од австрискиот парламент. Тој рече дека негова цел е Македонија да добие зелено светло во октомври за творање на преговорите, бидејќи како што рече, Македонија направи сѐ што бееше побарано од неа.

Некогаш мора и ЕУ да испорачува, не само вашата земја. Имав одлична средба со премиерот Заев. Сите се одговорни за владеење на правото и треба да се концентрирате на стратегиската цел, датум за отворање преговори, рече Хан.

Хан ќе се сретне со претседателот Пендаровски, со Али Ахмети и со Христијан Мицкоски

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.