Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан го презентира извештајот за напредокот на Македонија.

Тој изјави дека Европската комисија ќе му предложи на Советот на Европа да ги започне преговорите за влез во Европската унија со Македонија и Албанија.

Добри вести за Албанија и Македонија. Европската комисија ги повторува своите минатогодишни препораки да отвориме преговори за членство со двете земји. Двете земји го испорачаа своето. Ако ЕУ сака да остане кредибилна, сега мора да ја испочитува превземената обврска и јасно и позитивно да им одговори на земјите, напиша Хан на Твитер.

 

Треба да се оддаде признание таму каде што е заслужено. Македонија ги реализираше реформите и го реши долгогодишниот спор со Грција. Сега ЕУ треба да биде достојна на своите обврски и неодложно, што е можно поскоро, да го отвори процесот на преговори, додава тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.