Хакери го нападнале и презеле официјалниот твитер-профил на министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Мојот официјален и верификуван твитер-профил, како министер за надворешни работи, @Bujar_O (Бујар Османи), денес беше предмет на хакерски напад и преземен од страна на непознати лица. соопшти тој преку Фејсбук, потенцирајќи дека во моментов не може да го контролира профилот.

Османи додава последните активности не претставуваа дел ниту од неговите интенции, активности, ставови, убедувања, ниту претставуваат официјални ставови на институцијата.

Случајот е пријавен во министерството за внатрешни работи, како и на соодветните адресати на социјалната мрежа „Твитер”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.