Еден ден откако ги хакираа сајтовите на Министерството за здравство и на Министерството за образование, македонските хакери „АнонОпсМКД“ преку Твитер соопштија дека следна цел за напад им се извршителите.

„Извршители – убијци – вие сте на ред, спремете се“, пишуваат хакерите на Твитер.

Тие исто така напишаа дека во ниту еден момент не го загрозиле серверот на Министерството за здравство, туку, како што објаснуваат, направиле екстракт на електронската пошта.

„Сајтовите и серверот за е-пошта се изгасени од страна на шалабајзерите кои се систем-админи во тие министерства“, пишуваат хакерите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.