Претседателот Стево Пендаровски вечерва во интервју на ТВ21 откри дека пред околу една година неколку институции во државата, меѓу кои и две банки, биле цел на хакерски напади.

„Пред година и пол, битни институции во државата, меѓу кои и две најголеми банки беа цел на хакерски напади. Мојот кабинет не го сметам во таа категорија, но неколку пати ни е соборуван сајтот“, рече тој.

Шефот на државата додаде дека имало истрага со форезничари од странство и оти било откриено од каде доаѓаат нападите, но не и дали тие групи биле спонзорирани од држави.

– Две најголеми банки и две-три други државни институции беа соборени. Имаше истрага од Обвинителството со форезничари и од странство. Заклучија дека нападот е од надвор, истрагата води до некои групи за кои не можеме да заклучиме дека се државно спонзорирани, но најверојатно имаат релација со некои држави – вели Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.