Заев изгледа не е информиран доволно за тоа колку Али му е лут зашто рекол дека Албанците не вредат пет пари, коментира Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии, експерт за финансии и политички аналитичар

Во интервју со некојси Чим Пека, новинар од Тирана, он нему му се жали дека тоа го погодило без крај и дека „коските до гроб ни ги навредил” и додава:
„За мене тука се над 17.000 прислушувања, фајлови кои се обработени, има 100 илјади кои се необработени, но слушани се и на никој начин јас да ги навредам моите сограѓани Македонци”.
Во истото интервју Али негира дека пцуел Албанец, сопственик на една телевизија и го повикува, „ако имаат некој телефонски разговор, зошто не го пуштат”, иако знае дека и самиот гласал за закон со кој се забранува објавувањето, според кој „независниот” суд во Кичево го казни Ел Чека, објавува Хајредини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.