Од СДСМ најавија окрупнување на коалицискиот капацитет во вториот круг од локалните избори, со цел да се надокнади разликата за градоначалничката трка за Град Скопје, но и во други општини во земјава каде опозицијата има предност во освоените гласови.
Еден од клучните моменти во обидот да се оствари пресврт, многунима сметаа дека се гласовите на Албанците, кои во првиот круг ги поддржаа кандидатите на ДУИ и ДПА.
Само по себе се наметнува прашањето, дали коалициските партнери ќе можат да испорачаат победа на кандидадите на СДСМ?
– Може, но само доколку надлежните државни органи тоа го дозволат, исто како во првиот круг во Сарај, бандите од ДУИ, без страв дека ќе одговараат, како и секогаш досега, да полнат кутии. Вчера видовме колку е независна и за кого навива ДИК. „Независните” судии за кривичните дела извршени во минатото на денот на изборите, ги ослободуваа функционерите на ДУИ и ДПА, за да може Заев да обезбеди “стабилна коалиција” – вели Џевдет Хајредини, поранешен државен функционер.
Тој се плаши дека во вториот круг, партиските активисти ќе имаат причина да бидат многу поагресивни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.