Нека се објави колкава плата зема Дардишта во Телеком и ќе стане јасно за „нејзините чизми на таван“, коментира поранешниот министер и економски аналитичар Џевдет Хајредини за објавата на Шкодране Дардишта, кадар на ДУИ.
Таа на Фејсбук се огласи во врска со одењето на ДУИ во опозиција по две децении на власт.
Хајредини, исто така на Фејсбук, ја пренесува нејзината објава со свој коментар:
Сè уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за час ги вадиме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале по војна. Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорите во него, порача Дардишта на Фејсбук, гласи објавата на Дардишта.
Хејредини објавата ја коментира со П.С.
П.С. Нека се објави колку плата зема како член на Бордот на Телеком и ќе стане јасно зошто се плаши ДУИ да ја изгуби власта, коменира Хајредини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.