Изгледа дека и на Груби, исто како на Кастриот, еден “висок функционер” на ЕУ му се јавил на телефон да му каже дека Македонија најдоцна до крајот на месец март ќе го добие датумот за почеток на преговорите, реагира на Фејсбук аналитичарот и екс-министер за финансии Џевдет Хајредини.
Повод за објавата е изјавата на првиот вицепремиер Артан Груби според кој „апсолутно постои оптимизам за преговори и за добивање позитивен сигнал на декемврискиот самит на ЕУ за отпочнување на преговори за нас и за Албанија во првите месеци од следната година“.
Прашан како ја толкува вчерашната порака од Бугарија дека нема да се промени нивниот став, Груби повтори дека се надеваат на конструктивен пристап од бугарска страна.
Имаме нова влада која треба да се избере. Ќе комуницираме со новата влада, која е резултат од изборите коишто само што завршија во соседна Бугарија и се надеваме на тој конструктивен пристап затоа што кај нас има подготвеност за компромис којшто е достоинствен и за нашата земја посебно за моите сограѓани
Македонци – рече Груби.
Од Влада најавуваа дека има простор за старт на преговорите до крајот на оваа година, но вчерашната позиција на бугарската Влада, очигледно ги помести прогнозите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.