Џевдет Хајредини, поранешен министер за Финансии на Република Македонија вечерва гостуваше во емисијата „Што не е јасно„ на Алфа телевизија. Тој во неговото гостување изјави дека вицепремиерот Артан Груби покажува моќ благодарение на премиерот Заев кој му дал дел од „бомбите„ кој Заев ги поседуваше.

Хајредини истакна дека Груби поседува телефонски разговори и од кадри на ДУИ и со тоа ги држи во раце, а исто така напомена и дека ако некој се закачи со првиот вицепремиер тој користел и други методи.

-Заев му дал бомби на Груби и затоа тој се прави силен и никој ништо не му може. Тој може и со сила да го избрка генералниот секретар на Владата и никому ништо, а со тие бомби Груби ги држи во раце и кадрите на ДУИ бидејќи тој има дел бомби и од нив. Има и други факти дека ако некој се закачи со Груби има и други последици а затоа имаше и пример.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.