ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник на изборите во април годинава, смета поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини. Тој вечерва беше еден од гостите во Топ Тема на Телма телевизија, додека на таканареченото жешко столче седеше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Поставувајќи му прашање на Мицкоски, Хајредини, кој вечерва имаше улога да го напаѓа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на секоја тема, рече:

Господине Мицкоски, дали ќе има предвремени избори, кога вие ќе победите на предвремените избори, затоа што последни редовни избори во Македонија имало последно во 2006 година. Дали поради тоа што ќе победите годинава ќе има повторно предвремени избори?

Мицкоски му се заблагодари на Хајредини што се согласуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следниве избори. На ова тој уште еднаш повтори – 100% ќе победите.

Мицкоски нагласи дека е убеден дека програмата којашто ќе ја спроведе ВМРО-ДПМНЕ ќе трае четири години и дека после четири години ќе разговараат за резултатите од таа програма.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.