Купувачот на градежното земјиште на ШИК “ЈЕЛАК” во Тетово, Миодраг Дака Давидовиќ, е бизнисмен и истакнат претставник на Србите од Црна Гора и добротвор на Српската Православна Црква, бил началник на Центарот за безбедност на Никшиќ и министер на Караџиќ и Младиќ во владата на САО Херцеговина во време на четничките масакри над муслиманите, Српскиот Патријарх Иринеј го одликувал со орден на Свети Сава од прв степен и орден на Светиот Крал Милутин, биле кумови со Момир Булатовиќ, ’97 бил уапсен поради малверзации со тутунскиот комбинат и Булатовиќ го аболирал, 2009 е претепан со метални шипки, во 2019 е ранет при неуспешен атентат. Целата добивка на својата компанија до крајот на животот ја отстапил на српската православна црква, пишува на својот фејсбук профил Џевдет Хајредини.
На овој криминален бизнисмен, Теута Арифи со помош на Заев, сигурно не без знаење и согласност на Али Амети, му овозможиле во Тетово да изгради голем стамбено-деловен објект на површина од над 30.000м².
Дали било кој верува дека овој тип во Тетово е донесен без да плати мито?
Ако не е во прашање корупција, зошто тогаш Теута, ДУИ и Заев на предизборните собири не се фалат со овој голем странски инвеститор кој дошол во Македонија по нивна заслуга, прашува Хајредини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.