„Дојче Веле“ на македонски шири лажни вести во текстот насловен „ Подарок од Трамп за Вилма“. Во шпекулативниот текст исполнет со манипулации авторот Љупчо Поповски се обидува да прикаже дека квалификацијата на Џо Бајден на нападот на конгресот како тероризам е оправдување за 200-те години затвор кои ги побара Вилма Русковска, а ги пресуди Добрила Кацарска за уставобранителите од 27-ми април.

-Квалификацијата на Џо Бајден дека оние што насилно влегоа во Конгресот се „домашни терористи“ на директен начин го потврди обвинението за 27 април кај нас и за терористичка загроза на Републиката, пишува Поповски, а пренесува Дојче Веле.

-Една жена може многу да биде „задоволна“ од последиците од бестијалниот упад на хордите на Трамп во Конгресот – обвинителката Вилма Русковска. Не дека би го поздравила освојувањето на Капитолот од оние кои не беа задоволни од изборните резултати, туку што нејзината квалификација за истиот и дури подраматичен настан на 27 април 2017 година во Македонија – дека се работеше за терористички упад – доби целосна потврда. А и судијката Добрила Кацарска (која сега седи во Уставниот суд) може да биде задоволна – нејзиното образложение на долгогодишните затворски казни за учесниците сега се во целосна согласност со она што го зборува едногласно Америка: дека се работеше за обид за пуч оркестриран од Доналд Трамп, додава тој.

Инфомакс анализира што денес објави официјално американското министерство за правда.

-Тринаесет лица се обвинети досега во федералниот суд во областа Колумбија во врска со злосторствата извршени во американскиот Капитол во Вашингтон, во среда, 6 јануари 2021 година. Покрај оние за кои се обвинети, дополнителни приговори се доставени и истрагите се во тек.

„Бесправното уништување на зградата на Капитол во САД беше напад против една од најголемите институции на нашата нација“, вели државниот американски обвинител Мајкл Шервин. „Мојата канцеларија, заедно со нашите партнери задолжени спроведување на законот на сите нивоа, бргу работиме и ги користим сите ресурси за да ги идентификуваме, апсиме и започнеме да ги гониме овие лица кои учествувале во дрските кривични дела во Конгресот на САД. Ние сме решителни во заложбата да бараме одговорност од секој кој ги стори овие срамни кривични дела“.

Ниту Шервин, ниту било кој во американското министерство за правда не му паѓа на памет да спомене дека станува збор за тероризам. Од 13-те лица досега обвинети ниту едно не е обвинето за тероризам.

Кливленд Мередит е обвинета на 7 јануари 2021 година за упатување закани кон спикерот Ненси Пелоси.

Ричард Барнет, од Арканзас, е обвинет на 7 јануари 2021 година, за свесно влегување или престојување во зграда со ограничен пристап на владата, без дозвола за влез; насилен влез и недолично однесување во Капитолот; кражба на државни пари, имот или документација. Барнет, наводно, влегол во канцеларијата на Ненси Пелоси.

Лони Кофман, од Алабама, е обвинет на 7 јануари 2021 година за поседување нерегистрирано огнено оружје (деструктивна направа) и носење пиштол без дозвола. Се тврди дека во возилото на Кофман имало 11 експлозивни направи познати како молотови коктели и огнено оружје. Понатаму се тврди дека имал две парчиња огнено оружје. Кофман е уапсен и во моментов е во притвор. Неговото рочиште за притвор е закажано за 12 јануари 2021 година.

Марк Лефингвел, е обвинет на 7 јануари 2021 година, за свесно влегување или престојување во зграда со ограничен пристап, без дозвола за влез; напад врз федерален службеник задолжен за спроведување на законот; и насилен влез и недолично однесување во Капитолот. Лефингвел, наводно, влегол во сенатската страна на Капитолот и кога бил запрен од органите на прогонот, удрил еден полицаец во кацигата и градите. Лефингвел во моментов се наоѓа во затвор и денес има рочиште за притвор во окружниот суд.

Кристофер Албертс, од Мериленд, е обвинет на 7 јануари 2021 година за носење или имање на лесен пристап во зградата на Капитол во САД, до огнено оружје и муниција. Поточно муниција Taurus G2C, пиштол од 9 мм и калибар 9 мм. Обвинетиот се појави во окружниот суд и беше ослободен. Тој има закажано прелиминарно рочиште за 28 јануари 2021 година.

Jошуа Пруит е обвинет на 7 јануари 2021 година, за свесно влегување или престојување во зграда со ограничен пристап на владата, без дозвола за влез. Обвинетиот се појави во окружниот суд и беше ослободен. Тој има закажано прелиминарно рочиште за 28 јануари 2021 година.

Метју Kaунсил, од Флорида, е обвинет на 7 јануари 2021 година, за свесно влегување или престојување во зграда со ограничен пристап на владата, без дозвола за влез, и насилен влез и недолично однесување во Капитолот. Каунсил, наводно, незаконски влегол во зградата на Капитол, а кога бил запрен од органите на прогонот, тој го турнал службеникот.

Синди Фичет, од Вирџинија, е обвинета на 7 јануари 2021 година, за свесно влегување или престојување во зграда со ограничен пристап на владата, без дозвола за влез; со намера за попречување на владиното работење или официјални владини функции, преку недолично однесување во просториите на Капитолот,; насилен влез и недолично однесување во Капитолот.

Мајкл Курцио, од Флорида, беше обвинет на 7 јануари 2021 година, за свесно влегување или престојување во зграда со ограничен пристап на владата, без дозвола за влез; со намера за попречување на владиното работење или официјални владини функции, преку недолично однесување во просториите на Капитолот,; насилен влез и недолично однесување во Капитолот.

Даглас Свит, од Флорида, беше обвинет на 7 јануари 2021 година, за свесно влегување или престојување во зграда со ограничен пристап на владата, без дозвола за влез; или свесно,со намера за попречување на владиното работење или официјални владини функции, преку недолично однесување во просториите на Капитолот,; насилен влез и недолично однесување во Капитолот.

Бредли Рускелас, од Илиноис, беше обвинет на 7 јануари 2021 година, за свесно влегување или престојување во зграда со ограничен пристап на владата, без дозвола за влез; со намера за попречување на владиното работење или официјални владини функции, преку недолично однесување во просториите на Капитолот,; насилен влез и недолично однесување во Капитолот.

Тери Браун, од Пенсилванија, беше обвинет на 7 јануари 2021 година,за свесно влегување или престојување во зграда со ограничен пристап на владата, без дозвола за влез; со намера за попречување на владиното работење или официјални владини функции, преку недолично однесување во просториите на Капитолот,; насилен влез и недолично однесување во Капитолот.

Томас Галагер беше обвинет на 7 јануари 2021 година, за свесно влегување или престојување во зграда со ограничен пристап на владата, без дозвола за влез; или свесно, со намера за попречување на владиното работење или официјални владини функции, преку недолично однесување во просториите на Капитолот ; насилен влез и недолично однесување во Капитолот.

Замислете дури и Лони Кофман кај кого било пронајдено поголемо количество на експлозивни материи, не е обвинет за тероризам, дел од демонтстрантите носеле и огнено оружје, а ниту за нив нема обвинение за тероризам.

Oна што е исто така интересно е што човекот кој влезе во канцеларијата на Ненси Пелоси – се соочува со максимална казна од 1 година за три кривични делаа доколку се прифатат обвиненијата, казна која е далеку од 15-те години доделени на дел од осудените за 27 април.
Фактот што во САД тероризмот е политичка квалификација на Џо Бајден, а во Македонија правна квалификација на Вилма Русковска говори доволно за тоа дека судот носи политички одлуки, а не одлуки базирани на право.

Во САД за тероризам не се гонат ниту одговорните лица кои требаа да го спречат упадот во Конгресот. Шефот на американската полиција во Капитол, Стивен Сенд, поднесе оставка по пробивањето на зградата на американскиот Капитол од страна на приврзаниците на Трамп.

Според информациите, Сенд ќе ја напушти функцијата на 16 јануари. Претходно, спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, го повика да се повлече.

Како што забележа претходно началникот на полицијата, Сенд не очекувал митингот од слободен говор да се претвори во насилен напад.

Единствено нешто што Дојче Веле докажа со својот текст е политичкиот, а не правниот прогон во Република Македонија.

Штом целата пропагандна машинерија на власта се вклучува во одбрана на Вилма Русковска повеќе очигледно е дека нејзиниот кредибилитет е нарушен по последното рочиште за наводните организтори на 27-ми април, па владините мегафони на секој можен начин се обидуваат да ја оправдаат квалификацијата „тероризам“ за настаните од 27-ми април.

Обвиненијата во САД можете да ги погледнете на следнава страница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.