Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски се отвораат нови приемни одделенија за земање тестови, така што гужвата на двата пункта во Институтот за јавно здравје ќе ја снема до утре сабајле.

Сега во секој момент можеме да направиме 2000 тестови. Ќе отвориме и пункт во Ѓорче Петров, а неделава се очекуваат и брзите тестови, вели Караџовски.

На прашањето за тоа дали тестовите ќе ги има во продажба во аптеките, Караџовски истакна дека тестовите за Ковид-19 не се тестови за бременост па да се продаваат во аптеките, туку дека има точен протокол по кој се врши тестирањето и дека тој се почитува.

Работиме и прва и втора смена, работиме по 16 часа, за да го надминеме овој проблем. Јас имам ставено неколку планови на маса. Засега не сме дојдени до планот Ц, кој превидува полициски час“, соопшти Караџовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.