Група од Косово која престојувала во Струга ги поставила знамињата на Самоиловата тврдина во Охрид и тука снимала видеоматеријал кој понатаму треба да се монтира и пласира во јавност, неофицијално дознава ТВ24.

Како што дознава телевизијата, се работи за група која тука се снимала и фотографирала и за тие потреби ја „декорирала“ тврдината со повеќе албански знамиња на помали јарболи кои ги држеле во раце и едно огромно кое го спуштиле преку бедемот до главниот влез, кој е свртен кон градот и се гледа од центарот на Охрид.

Но, додека се чекаат официјални информации од СВР Охрид и понатаму не јасно е за каква намена се снимал видео материјалот на Самоиловата тврдина во Охрид и зошто потребата од снимањето на ова видео наложила тврдината да се декорира со едно големо и повеќе мали знамиња на соседна Албанија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.